shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Шишковски, Јанков и Ацковски со репрезентативни обврски

Голманите Дамјан Шишковски и Ристе Јанков и играчот од средниот ред Кристијан Ацковски добија повик за настап во националните селекции на Македонија. Шишковски се најде на списокот на селекторот Игор Ангеловски во А-репрезентацијата за претстојните натпревари против Израел и против Летонија.

Работнички има двајца претставници на списокот на селекторот на репрезентацијата до 21 година, Благоја Милевски. Голманот Ристе Јанков и фудбалерот за врска Кристијан Ацковски се најдоа меѓу повиканите фудбалери за мечот против Фарски Острови.

Работнички утре ќе го игра натпреварот од четвртото коло во домашниот шампионат и на домашен терен ќе го пречека тимот на Академија Пандев. Главен судија ќе биде Александар Грујоски (Кичево), а ќе му помагаат Куштрим Лика и Зоран Јанкуловски. Четврти судија ќе биде Марјан Стојановски. Делегат на натпреварот е Сулејман Ибиши (Тетово), а контролор на судењето ќе биде Петре Илиоски (Прилеп).