shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Влахо: Посакуваме триумф во дербито со Вардар

Тренерот на Работнички, Александар Влахо верува дека „романтичарите“ ги очекува интересен, вистински дерби дуел против Вардар во 3. коло од Првата македонска фудбалска лига кој се игра на националната арена „Тодор Проевски“ со почеток од 17 часот.

Влахо е сигурен дека Работнички ќе одигра квалитетен меч преку кој желбата е да се стигне до нови три бода во шампионатот.

„Ми се чини дека нема што многу да криеме меѓусебно, добро се познаваме двата тима со Вардар. Верувам дека тоа ќе биде натпревар на тактичко надмудрување. Јас верувам дека нашите фудбалери ќе го исполнат зацртаното и на крај ќе се радуваме на победа. Мора да се истакне дека Вардар сега силно ќе атакува на триумфот затоа што е под еден вид притисок по двата почетни натпревари без постигнат гол. Но, и со предност ако се знае дека изминатава недела немаше натпревар во Купот“ – вели Влахо пред денешната средба.

Работнички за денешната пресметка на „Тодор Проевски“ нема да може да смета и на неколку фудбалери кои имаат повик во репрезентацијата до 18 години.

„Тоа е и еден мал дополнителен хендикеп за нас. Поради повреда нема во комбинација да биде и Страхиња Крстевски, но без разлика на се секако размислуваме само на победа. Во секој случај, ќе бидат квалитетен натпревар во кој на крајот ќе слави оној со поголема желба на теренот“ – вели тренерот на „романтичарите“.