shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Почнаа подготовките за новата сезона, договорени три тест дуели пред Банско (ФОТО)

ФК Работнички, под палката на новиот тренер Александар Влахо означи старт на летните подготовки за новата натпреварувачка сезона.

На првата прозивка на новиот шеф на стручниот штаб се појави и засилувањето Хјунг-јон Ли од Ј. Кореја, како и Филип Стојчевски. Репрезентативниот голман Дамјан Шишковски ќе се приклучи на подготовките за 20 дена, по завршувањето на договорот со финскиот РоПС.

„По подолго време Работнички не успеа да се избори за излез на европската сцена, па затоа тимот овој период ќе го искористи за неопходната реорганизација и нова играчка консолидација. Заминаа 11 фудбалери, имаме досега три-четири нови имиња, а во наредниот период план е да се доведат уште четири-пет фудбалери како би се комплетирал играчкиот кадар. Целта, како и секогаш кога е во прашање Работнички, секако е европски излез. И покрај тоа што ќе бидеме подмладени јасно остануваат нашите зацртани цели и за новата сезона“ – истакна Александар Влахо на првиот собир со „романтичарите“.

Пред заминувањето за Банско, планирано за втората половина од следниот месец, веќе се договорени и три пријателски натпревари. На 6. јули Работнички ќе игра против велешки Борец, на 12. јули против Брегалница и на 15. јули против Вардар.

По враќањето од Банско, договорен е пријателски натпревар и со Тиквеш на 3. август, а генералката пред почетокот на новиот шампионат ќе биде на 4. август, но противникот ќе биде дополнително одреден.