shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Дамјан Шишковски се враќа во Работнички, утре почеток на подготовките

Повремениот македонски репрезентативец Дамјан Шишковски се враќа во редовите на Работнички. Тој се договори со раководството на нашиот клуб за едногодишна соработка која ќе отпочне откако ќе завршат обврските на голманот Шишковски со финскиот клуб Ропс, кој ќе земе учество во квалификациите за Лигата на Европа. По овие настапи, Шишковски ќе се приклучи на составот на новиот тренер Александар Влахо.

Утре Работнички ќе ги стартува летните подготовки за новата сезона. Шефот на стручниот штаб Александар Влахо ќе ја изврши првата прозивка во клупските простории, со почеток во 18 часот.