shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

„Кралското“ искуство е драгоцено: Стартуваше кампот на Реал Мадрид Фондација Клиник на терените на Работнички (ФОТО)

„Кралско“ искуство на терените на ФК Работнички. Стартуваше фудбалскиот камп на Реал Мадрид Фондација Клиник во соработка со нашиот клуб кој од 17 до 21 јуни ќе се одржи во базата на ФК Работнички. Под раководство на тренерот Хозе Рамон Бонал Санчез, младите „мадридисти“ го одработија првиот ден од кампот. Подобрување на техничките способности, снаодливост во простор на фудбалскиот терен, подобрување на реакциите. Секој тренинг е драгоцен, посебно ако е „кралски“.