shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Работнички ремизираше против Силекс (1-1)

Работнички ремизираше (1-1) против Силекс на арената „Филип Втори“ во Скопје. Во натпревар со многу шанси, останува да жалиме за две погодени стативи, а мечот повторно го завршивме со играч помалку поради исклучувањето на Дилгеров.

Силекс поведе во 13.минута. Голманот Ристо Јанков беше блкокиран при дегажирање на топката, таа се одби до Бобан Георгиев, кој ја погоди мреќата на Работнички. До крајот на првиот дел, се заканија Блажевски и Жунињо Кабрал, но Силекс со предност замина на одмор.

Во второто полувреме на Работнички му недостигаше среќа. Дејан Блажевски во 51.минута го погоди дирекот од голот на Силекс, а шест минути подоцна и Баже Илијоски ја погоди стативата.

Работнички тргна офанзивно, а израмни од пенал. Беше фаулиран Баже Илијоски во противничкиот шеснаесетник, а успешен реализатор на пеналот беше Дејан Блажевски во 72.минута.

Во 80.минута, Работнички остана со играч помалку по исклучувањето на бугарскиот интернационалец Николај Дилгеров. И покрај тоа, Блажевски се обиде да донесде триумф, но не беше прецизен.

РАБОТНИЧКИ – СИЛЕКС 1-1 (0-1)

Арена „Филип Втори“. Судија: Зоранчо Темелков (Кавадарци). Стрелци: Блажевски пен. 72’ (Работнички), Георгиев 13’ (Силекс). Ц. картон: Дилгеров Ж. картони: Дилгеров, Ѓоргиевски (Работнички), Серафимовски, Грозданоски, Дурански, Миленковски (Силекс).

РАБОТНИЧКИ: Јанков, Ѓоргиевски, Вијачки, Димитривски, Херера, Дилгеров, Пеев, Кабрал (80’ Манојан), Петковски (88’ Гофри), Блажевски (85’ Шаркоски), Илијоски.

СИЛЕКС: Ефремов, Драшковиќ, Гроздановски, Коцев (90’ Алексовски), Додев (89’ Икиќ), Серафимовски, Миленковски, Кофи (72’ Ристов), Дурански, Георгиев, Рајковиќ.