shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Илијоски: Секој старт е тежок, но ние сакаме триумф над Ренова

Почеток е на пролетниот дел од првенството во Првата лига. Работнички на домашен терен го пречекува составот на Ренова на премиерата од вториот дел од шампионатот. Тимот на Жикица Тасевски е значително реновиран, а во клубот се врати и искусниот Баже Илијоски, кој ќе ја носи и капитенската лента. Тој вели дека е исклучително важно да се стартува со триумф, но и знае дека Ренова мошне квалитетен тим.

„Победата е наш фокус. Ќе сториме се за да ги освоиме трите бода на пролетната премиера. Но, тоа нема да биде нималку лесно. Ренова е квалитетен состав, нивна голема предност е воиграноста, играат одличен фудбал. Но, и ние веруваме во нашите квалитети, добро се подготвуваме во зимскиот период и сега е време тоа да го покажеме“, вели Баже Илијоски.

Натпреварот меѓу Работнички и Ренова ќе се игра на арената „Филип Втори“ со почеток во 14 часот. Главен судија на мечот е Марјан Гоцевски од Струмица, а ќе му помагаат сограѓаните Ѓорѓи Станковски и Кире Ангеловски.