shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Минимален пораз (2-1) од Црвена Звезда во Анталија

Работнички забележа пораз од 2-1 од српскиот шампион Црвена Звезда на третиот пријателски натпревар на зимските подготовки во Анталија. Тоа беше вистински европски тест за избраниците на Жикица Тасевски, а Работнички иако загуби, се претстави во квалитетно издание.

Баже Илијоски можеше да обезбеди предност од пенал, но голманот на Црвена Звезда го одбрани неговиот удар од белата точка. Одлична шанса имаше и Петар Петковски, но остана нереализирана. Сепак, Работнички поведе со голот на Дејан Блажевски во 41.минута.

Црвена Звезда израмни две минути подоцна. Вукановиќ со удар со глава постигна погодок за нерешен резултат на полувремето.

Српскиот првак во 55.минута дојде до комплетен пресврт. Ебисилио беше стрелец на вториот гол за „црвено-белите“ на овој меч.

Работнички го стартуваше натпреварот со следниот состав: Божиновски, Силјановски, Димитровски, Вјачки, Херера, Петровиќ, Пеев, Кабрал, Петковски, Илијоски, Блажевски.

Претходно, нашиот тим го совлада Сабуртало со 2-1 и загуби од Поханг Стилерс (0-2) на зимските подготовки.