shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Работнички отпатува на подготовки во Анталија (ФОТО)

Експедицијата на Работнички утрово отпатува за Анталија. Втората фаза од зимските подготовки ќе ја реализира во турскиот туристички центар кој нуди одлични услови. Традиционална база на нашиот тим е хотелот „Миракл“, а екипата ќе остане во Турција до 6.февруари.

Според планот на тренерот Жикица Тасевски, акцент ќе биде ставен на воигрување на тимот. Закажани се три пријателски натпревари со меѓународни противници. На 1. февруари Работнички ќе тестира со грузискиот тим Сабуртало, ден подоцна ќе ги одмери силите со корејскиот клуб Поганг Стилерс, а на 5.февруари ќе следи натпреварот против српскиот првак и годинашен учесник во Лигата на шампионите, составот на Црвена Звезда.