shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Бразилецот Барбоса потпиша за Работнички

Работнички го доби и шестото засилување во овој зимски преоден рок. Бразилскиот интернационалец Асуерио Барбоса де Соуса Јуниор е најновата аквизиција во нашиот клуб за пролетниот дел од првенството. Тој има 25 години, ќе ја засили навалната линија во тимот и потпиша договор до јули 2020 година.

Барбоса веќе се приклучи на тренинзите на тимот. Тој има настапувано во повеќе бразилски клубови, Гремио Анаполис, Гојас, Линенсе, Апаресиденсе, како и искуство од Бахреин, во клубот Ал Рифа.

Во овој преоден рок, Работнички се засили и со Баже Илијоски, Дејан Блажевски, Николај Дилгеров, Емил Вијачки и Жунињо Кабрал.