shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Првата прозивка на 8 јануари, заминуваат четворица фудбалери

Работнички го заокружи првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига на четвртата позиција со 26 бода, а фудбалерите добија одмор до 8 јануари. Тренерот Жикица Тасевски го закажа првиот собир на овој датум, со почеток во 13 часот, а дотогаш активно ќе биде раководството во обид да се доведат неколку нови засилувања.

Четворица фудбалери го напуштаат Работнички во зимскиот преоден рок. Капитенот Остоја Стјепановиќ, дефанзивците Деан Митрев и Леон Најдовски, како и напаѓачот Филип Петковски заминуваат од редовите на Работнички.