shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Работнички поразен од Раднички Ниш

Работнички доживеа пораз од 3-0 на пријателскиот натпревар против српскиот прволигаш Раднички Ниш. Тренерот Ѓоре Јовановски сакаше да ја провери формата на тимот за време на репрезентативната пауза, а во составот за првпат се појавија и новите засилувања, Владимир Димитровски и Благоја Тодоровски.

Раднички прикажа повеќе на оваа средба и славеше со 3-0. Веќе во третата минута, Синиша Бабиќ со удар со глава го совлада Божиновски по центаршутот од десната страна.

На почетокот на вториот дел, Саша Стојановиќ го постигна вториот гол за Раднички Ниш, а во финишот Марко Митровиќ го постави конечниот резултат.

РАДНИЧКИ НИШ – РАБОТНИЧКИ 3-0 (1-0)

Стадион Чаир. Судија: Александар Живковиќ (Ниш). Стрелци: Бабиќ 3’, Стојановиќ 52’, Митровиќ 85’ (Раднички Ниш).
РАДНИЧКИ НИШ: Ристиќ, Мијаиловиќ, Тодоровски, Аксентијевиќ, Бондаренко, Црномарковиќ, Бабиќ, Дринчиќ, Станисављевиќ, Хаскиќ, Грбиќ.

РАБОТНИЧКИ: Божиновски, Најдовски, Димитровски, Борха, Херера, Стјепановиќ, Пеев, Тодоровски, Бопеску, Недељковиќ, Ф. Петковски. Уште играа: Берк, Фазлиу, Колевски, Станковски, Петровски, Ајдими, Лазаревски, Ацковски.