shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Работнички в сабота ќе одигра пријателски натпревар со Раднички Ниш

Работнички ќе ја искористи репрезентативната пауза за да одигра меѓународен пријателски натпревар против српскиот прволигаш Раднички Ниш. В сабота, на стадионот Чаир во Ниш, составот на Ѓоре Јовановски ќе ги одмери силите со клубот што игра во елитната конкуренција кај нашиот северен сосед.

„Ќе го искористиме овој вакуум за да одиграме пријателски натпревар со Раднички Ниш. Да ја сочуваме натпреварувачката форма и да добиеме ново меѓународно искуство. Истовремено, и да корегираме дел од грешките кои се јавија на првите натпревари од новиот шампионат“, вели шефот на стручниот штаб, Ѓоре Јовановски.

Натпреварот меѓу Раднички Ниш и Работнички ќе се одигра в сабота, со почеток во 19 часот на стадионот „Чаир“.