shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Ѓоре Јовановски: Задоволство од играта и од резултатот, не е лесно да се добие Победа

Работнички ја совлада Победа на гости со 0-2 и стигна до вториот последователен триумф во новата сезона, која ја стартуваше со поразот од Ренова. Но, сега тимот на Ѓоре Јовановски е на вистинскиот пат и шефот на стручниот штаб делува многу позадоволно од прикажаната игра и од резултатот.

„Не е лесно да се совлада Победа на гости. Тоа е одличен тим, кој имаше свои шанси, но не успеа да ги искористи. За разлика од нив, ние постигнавме погодок многу рано. Овие три бода од гостински терен се значајни, но веќе сме фокусирани на следниот натпревар против Академија Пандев. Тие имаат одличен старт на новиот шампионат, сакаат да се надигруваат и не очекува нов возбудлив натпревар во следното коло“, вели тренерот Ѓоре Јовановски.