shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Голманот Јанков и Петар Петковски повикани во младата репрезентација

Голманот Ристе Јанков и офанзивецот Петар Петковски се двајца фудбалери од Работнички кои се повикани за настап во младата репрезентација на Македонија за квалификациските натпревари со Србија и со Ерменија.

Јанков и Петковски на 3. септември треба да се јават на првиот собир на новиот селектор на репрезентацијата до 21 година, Добринко Илиевски.

Македонија, во рамките на квалификациите за ЕП 2019, против Србија игра на 7. септември на гостински терен, а потоа ја пречекува Ерменија на 11. септември.