shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Реми без голови против Силекс во Кратово

Фудбалерите на Работнички ремизираа без голови во претпоследното, 35. коло, од Првата македонска фудбалска лига на гостувањето против Силекс во Кратово.

По ова реми за „романтичарите“ останува во последното коло и дефинитивно да го обезбедат европскиот излез во новата натпреварувачка сезона, со оглед на тоа што се во бодовна предност во однос на конкурентите за третата позиција.

Избраниците на Ѓоре Јовановски одиграа рамноправен натпревар против Силекс по кој поделбата на бодовите е најреалниот исход. Во првото полувреме, најголемата шанса за гол ја имаа домашните во 12. минута кога Ѓоргиев биеше од десетина метри, Божиновски кратко ја одби топката, но и во вториот обид голманот на нашиот тим успешно го запре нападот на кратовци.

Во второто полувреме, без посериозна шанса на двете страни, се издвоија обидите на Стјепановиќ и Маркоски, но сепак не доволно заканувачки за домашниот голман.

Во последното коло од сезоната 2017/2018, Работнички в недела (20. мај) на домашен терен ја пречекува екипата на Скопје.