shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Работнички ремизираше (1-1) против Шкупи

Работнички ремизираше (1-1) против Шкупи на арената „Филип Втори“, во рамките на 31.коло од Првата фудбалска лига. Виктор Ангелов во 13.минута го доведе Работнички во водство на овој меч, а израмни Ален Јашароски во 51.минута. По ова коло, нашиот тим се наоѓа на четвртата позиција со 42 освоени бода.

Во еден борбен и неизвесен натпревар, Броја прв се закани со удар од далечина, но не беше прецизен, а во 11.минута Виктор Ангелов имаше одличен обид од слободен удар. Зендели одбрани со крајни напори.

Но, само две минути подоцна, Бајрами погреши, топката дојде до Виктор Ангелов, кој успеа да го совлада голманот на Шкупи за водство на Работнички.

Во 18.минута, Работнички можеше и да го зголеми водството. Серџо јуниор се одлучи на удар и ја погоди стативата.

До крајот на првиот дел, и Петар Петковски шутираше од 20 метри, но не беше прецизен.

Шкупи израмни во 51.минута. По центаршутот од левата страна, топката удри во Трајчевски се одби до Ален Јашароски кој од десетина метри го совлада Божиновски.

По ова, Стојковски се закани, но Божиновски беше на вистинското место.

Во 84.минута, Чарлс Гофри шутираше од 20 метри, а Зендели исфрли во корнер. На крајот, и двете екипи мораа да се задоволат со по еден освоен бод.

РАБОТНИЧКИ – ШКУПИ 1-1 (1-0)

Арена „Филип Втори“. Судија: Димитар Мечкаровски. Стрелци: Ангелов 13’ (Работнички), Јашароски 51’ (Шкупи).

РАБОТНИЧКИ: Божиновски, Крмар, Најдовски, Садики, Трајчевски, Стјепановиќ, Шаркоски, Петковски, Маркоски, Серџо јуниор, Ангелов.

ШКУПИ: Зендели, Типуриќ, Адем, Малиќи, Љамчевски, Бајрами, Имери, Броја, Ндонг, Стојкоски, Јашароски.