shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Маркоски: Да се вратиме во победнички ритам против Пелистер

Работнички в недела, со почеток во 15 часот, ќе го пречека Пелистер на домашен терен, во рамките на 29.коло од Првата фудбалска лига. Нашиот тим се враќа на арената „Филип Втори“, а дуелот со Пелистер ќе биде директно пренесуван на Телевизија 24.

По поразот од Ренова, ова е убава можност за враќање во победнички ритам. Вака размислува крилниот играч Кире Маркоски.

„Не заслуживме пораз од Ренова, но една грешка може да биде кобна и тоа го научивме на овој дуел. Веќе сме фокусирани на новото искушение, в недела ни гостува Пелистер. Тоа е квалитетен тим, кој ќе игра повторно во финалето на Купот, а се бори за опстанок во Првата лига, и сигурно дека нема лесно да се откаже од бодовите. Но, и нашата амбиција е јасна, да се обидеме да избориме пласман во Европа и за следната сезона. Се надевам дека ќе ги исполниме задачите на тренерот Ѓоре Јовановски, а тоа ќе не води до победа“, вели Кире Маркоски.