shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Мечкаровски ќе го суди мечот Работнички – Шкендија

Работнички утре, со почеток во 14 часот, на арената „Филип Втори“, ќе го пречека лидерот на табелата, тимот на Шкендија, во рамките на 23.коло од Првата фудбалска лига. Одредени се официјалните лица за овој натпревар.

Главен судија ќе биде Димитар Мечкаровски од Скопје, а ќе му помагаат Дејан Неделкоски и Гоце Петрески. Четврти судија е Милош Милошевиќ (Скопје). Дополнителни судии зад голот се Игор Стојчевски (Скопје) и Јосип Бартон (Скопје).

За делегат на натпреварот е одреден Јовче Попоски (Охрид), а контолор на судењето ќе биде Хаџипази Алиларџан (Гостивар).