shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Станковски: Мораме подобро во завршницата против Пелистер

Работнички ремизираше без голови против Ренова во првото пролетно коло, а веќе в недела следи нов предизвик, гостувањето против Пелистер во Битола. Тренерот Горан Станковски го анализираше со фудбалерите претходниот меч и јасно е дека ќе мора да се подобри завршниот удар кон противничкиот гол.

„Не успеавме да победиме на пролетната премиера. Посакувавме три бода, но не успеавме да го зададеме завршниот удар. Направивме анализа, ни недостига конкретност во завршницата, тоа последно додавање за да влеземе во шанса за постигнување гол. Но, верувам дека ќе биде подобро веќе на следниот натпревар против Пелистер“, вели Горан Станковски.

Битолскиот прволигаш има многу промени во составот и нов тренер, Марјан Секуловски.

„Ќе биде тешко во Битола, на Пелистер му се потребни бодови, но и ние имаме свои планови и сакаме да оствариме победа. Знам дека Марјан Секуловски бара голема дисциплина од фудбалерите и се залага за компактност, и јасно е дека не очекува нов тежок натпревар“, истакнува шефот на стручниот штаб.