shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Христијан Кировски, ново засилување за Работнички

Работнички доведе уште едно засилување во овој зимски преоден рок, откако постигна договор на една сезона со искусниот напаѓач Христијан Кировски. Искусниот напаѓач, кој во сезоната 2007/08 го носеше дресот на Работнички, а последните две години настапуваше на Тајланд, прави кам – бек во македонскиот фудбал.

„Среќен сум што постигнав договор со раководството на Работнички и ќе се трудам максимално да ја оправдам довербата и со добри игри да му помогнам на тимот да ги исполни своите цели во пролетниот дел од првенството. По две години на Тајланд се враќам во македонскиот фудбал и имам големи мотиви“, вели Христијан Кировски.

Клубот е задоволен што успеа да ангажира искусен фудбалер кој ќе ја засили конкуренцијата во навалната линија.

„Успеавме да постигнеме договор со Христијан Кировски, кој е искусен и квалитетен напаѓач, и сигурно ќе ни биде од голема помош во пролетниот дел од сезоната“, истакнува спортскиот директор на Работнички, Иван Поповски.