shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Ветераните на Работнички на предновогодишна дружба

Ветераните на фудбалскиот клуб Работнички и 2017 година ја испраќаат со заедничка дружба во ресторанот „Кај Вршац“ во Градскиот парк. Откако го одиграа традиционалниот предновогодишен натпревар, голем број истакнати поранешни фудбалери на Работнички и пријатели на клубот, се собраа на фудбалски муабети во пријатна атмосфера. Со надеж дека идната 2018 година ќе донесе многу повеќе успеси, на сите полиња.