shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Станковски: Против Скопје треба на терен да ја оправдаме фаворитската улога

Есенската полусезона е пред самиот крај, а Работнички сака да ја заврши многу подобро отколку што ја започна. В недела, нашиот тим ќе биде домаќин на комплексот на ФФМ и ќе го пречека ФК Скопје, со почеток во 13 часот.

Тренерот Горан Станковски очекува тежок натпревар, иако Работнички е фаворит, според пласманот на табелата. ФК Скопје е последнопласираниот тим на рангирањето во овој момент.

„Се подготвуваме максимално, затоа што нашата цел е да освоиме три бода. Но, свесни сме дека нема да биде лесно. ФК Скопје е тим кој игра цврсто во одбраната и знае добро да го штити сопствениот гол. Ќе треба да пронајдеме соодветна игра за да ги разбиеме, а тоа не е нималку лесно. Фаворитската улога мора да ја оправдаме и на теренот со добра игра. На претходниот дуел во Кратово игравме одлично во поле во првото полувреме, постигнавме погодок, имавме шанси и за втор погодок, но во вториот дел во одредени моменти не реагиравме најдобро во одбраната. Тоа за жал придонесе и да бидеме поразени. Извлековме поуки, и сега сме максимално фокусирани на наредниот меч против ФК Скопје“, вели шефот на стручниот штаб, Горан Станковски.