shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Станковски: Заслужен бод освоивме во Струмица

Работнички остана непоразен во Струмица, играјќи 1-1 против Академија Пандев. Во последните моменти од мечот што се одигра на стадионот „Младост“, Сержо јуниор со фантастичен потег постигна прекрасен гол и донесе реми за нашиот тим.

Тренерот Горан Станковски вели дека бодот од Струмица е наполно заслужен, а на самиот крај дојде наградата за играта на тимот во текот на целиот натпревар.

„Задоволни сме од бодот, со оглед дека до него стигнавме во самиот финиш од средбата. Но, и мислам дека комплетно го заслуживме со играта на дуелот против Академија Пандев. Создадовме неколку изгледни шанси, и на крајот не посака топката да заврши во мрежата. Претходно, имавме и подобри можности, но не реализиравме. Игравме офанзивно, притиснавме максимално по примениот гол, и на крајот сепак дојде наградата за таквата наша игра. Ова покажува дека Работнички гради цврст победнички карактер, и тоа посебно ме редува во пресрет на завршницата од првиот дел од сезоната“, вели шефот на стручниот штаб, Горан Станковски.