shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Димитар Мечкаровски ќе го суди мечот Работнички – Шкупи

Работнички в недела, со почеток во 13.30 часот, ќе биде домаќин на Шкупи, во рамките на 13.коло од Првата фудбалска лига. Со ждреб во ФФМ, одредени се официјалните лица за овој натпревар.

Главен судија ќе биде Димитар Мечкаровски од Скопје, а ќе му помагаат Дејан Неделкоски и Гоце Петрески. Четврти судија ќе биде Игор Стојчевски од Скопје.

За делегат на натпреварот е одреден Иванчо Захариев од Кочани, а контролор на судењето ќе биде Мијалчо Михаилов од Лозово.