shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Станковски: Се додека имаме шанси, нема да се предадеме во Купот

Работнички утре (14.30 часот) повторно ќе гостува во Тетово, овојпат за реванш натпреварот од осминафиналето во Купот на Македонија, каде ќе ги одмери силите против Шкендија. Првиот меч кој се одигра на стадионот во Ѓорче Петров заврши 1-1, па резултатот се уште е отворен во пресрет на решавачките 90 минути.

Тренерот Горан Станковски вели дека Работнички нема да се предаде се додека има шанси за пласман во следната фаза од Купот на Македонија, иако Шкендија е во подобра позиција во пресрет на реваншот.

„Шкендија игра на домашен терен и има поволен исход од првиот меч, но ние нема да се предадеме и ќе се трудиме максимално да оствариме резултат што ќе не води во следната рунда од натпреварувањето во Купот на Македонија. Јасно е дека ќе мора да нападнеме, ме радува што создадовме неколку шанси на мечот против Ренова, иако реализацијата на беше на потребното ниво. Но, тој натпревар е веќе зад нас и сега сме фокусирани на куп-дуелот со Шкендија“, вели шефот на стручниот штаб, Горан Станковски.

Главен судија на натпреварот ќе биде Марјан Гоцевски од Струмица, а ќе му помагаат Горан Манасиев (Велес) и Петар Новачев (Велес). Четврти судија на натпреварот е Фуркан Идризи (Тетово).