shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Станковски: Паузата ќе ни биде добредојдена

Заврши првиот круг од првенството во Првата фудбалска лига, а Работнички не се наоѓа на посакувана позиција на табелата. Новиот тренер Горан Станковски вели дека паузата поради репрезентативните настапи од тој аспект ќе биде добредојдена, со оглед дека ќе добие малку подолг период за работа со фудбалерите. Откако дојде на кормилото, по оставката на Виктор Треневски, веднаш следеа два првенствени натпревари, против Силекс и против Скопје. И двата меча завршија без голови.

„Паузата ќе ни биде добредојдена. Пред се за подобро запознавање, да можеме во дело да спроведеме некои мои идеи. Немавме доволно време за големи промени откако седнав на клупата, затоа што следеа два првенствени меча во низа. И морам да кажам, дека тимот одработи одлично во дефанзивниот дел, но сега ќе треба да поработиме малку повеќе и на градење на играта, и офанзивните карактеристики“, вели шефот на стручниот штаб, Горан Станковски.