shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Ветераните на Работнички одиграа пријателски меч со тимот на Мобилност Македонија

Ветераните на фудбалскиот клуб Работнички одиграа пријателски натпревар со тимот на Мобилност Македонија. Мечот заврши 3-3, но во преден план секако е поддршката што клубот ја дава на Националниот сојуз на лица со телесен инвалидитет на Македонија – Мобилност Македонија. Натпреварот се одигра на 23.09.2017 година на стадионот на ФК Работнички во Градскиот парк во Скопје.

„Им благодариме на фудбалерите – ветерани и на членовите на управата  на ФК Работнички за пружената рака  на поддршка, како и на нашите момчиња за залагањето, фер и коректната игра. Националниот сојуз на лица со телесен инвалидитет на Македонија – Мобилност Македонија со формирање на фудбалски тим од свои членови, прави скромни чекори во фудбалскиот свет и се надеваме дека за некого овие чекори ќе значат скок до трибина“, велат од Мобилност Македонија.

Мобилност Македонија заедно со Фудбалската федерација на Македонија се вклучија во проектот на УЕФА – „Капитени на промени“. Проектот се спроведува во голем број на европски земји. Целта на овој проект е да се влијае на креирање на еднакви можности за сите во фудбалскиот свет, без разлика на полот, религијата, националната припадност и физичката способност. „Капитени за промени“ е проект кој се однесува и на креирање на непречен пристап за лицата со инвалидитет на стадионите во Македонија, затоа што фудбалот е спорт за сите и треба да биде достапен за секого.