shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Маркоски: Да обезбедиме предност против Шкендија пред реваншот во Тетово

Работнички денеска (15.30 часот) на стадионот во Ѓорче Петров ќе ја пречека Шкендија во првиот осминафинален натпревар од Купот на Македонија. По поразот на Чаир во првенството, сега избраниците на Виктор Треневски се надеваат дека ќе имаат поголем успех во националниот Куп. Кире Маркоски се надева дека тимот ќе обезбеди предност пред реваншот што ќе се игра следниот месец во Тетово.

„Имавме тежок викенд. Загубивме меч во последните моменти против Шкупи, но го оставивме тоа зад нас и сега сме максимално фокусирани на дуелот со Шкендија во Купот. Противникот е квалитетен, но ние веруваме во сопствените можности и се надеваме дека ќе оствариме предност пред реваншот во Тетово. Јасно е дека сепак патникот во следната рунда ќе се решава на реваншот“, вели Кире Маркоски.