shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

СОЦИЈАЛНА ОДГОВОРНОСТ

Хуманоста не познава граници - Социјалната одговорност е неизбришив дел од историјата на ФК Работнички

ХУМАНОСТА НЕ ПОЗНАВА ГРАНИЦИ

ФК Работнички е горд на искуството и вредностите кои ги шири преку организацијата на бројни хуманитарни акции, притоа и поддржувајќи проекти во различни гранки преку донации, спонзорства и спроведување на хуманитарни акции за заштита на човековата околина, но и грижа за најмладите.

НЕ – НА ДИСКРИМИНАЦИЈАТА, ДА – НА ЕДНАКВОСТА!

Фудбалскиот клуб Работнички беше дел од ФАРЕ “Football People” акционите недели кои од 11. до 25. октомври се одржуваат во 60 земји во Европа.

Заедно со Фудбалската федерација на Македонија сите клубови од Првата македонска фудбалска лига, меѓу кои и Работнички се приклучија на акцијата: „НЕ на дискриминацијата, ДА на ЕДНАКВОСТА“.

Кампањата има за цел да ја поттикне социјалната вклученост и да се справи со дискриминацијата користејќи го фудбалот како средство за едукација, инспирирање и промовирање на еднаквоста за сите.

Во пресрет на почетокот на кампањата, извршниот директор на ФАРЕ, Пиара Пауер рече:

Акцијата „фудбалски луѓе„ обезбедува совршена можност за европскиот фудбал да се здружи за да ја исклучи дискриминацијата и да ја поддржи инклузијата и различноста. Секој кој е вклучен во фудбалот е поканет да учествува во активностите и да даде активен придонес преку организирање на активности. Минатата година беа директно вклучени над 100.000 активни учесници. Заедно можеме да го обликуваме европскиот фудбал како инклузивен ентитет“.

Акцијата безусловно ја поддржува и претседателот на УЕФА, Александар Чеферин.

Драго ми е да ја понудам континуираната поддршка од УЕФА на нашиот партнер ФАРЕ за АКЦИОНАТА НЕДЕЛА. Нема место за расизам, дискриминација и нетолеранција во фудбалот, а УЕФА има политика на нула толеранција кон таквото однесување. Со користење на врвните клубови и на натпреварите на националните тимови, УЕФА како платформа за промовирање на активностите на ФАРЕ, ние ја нагласуваме нашата цврста заложба за славање на различноста и за инклузивност. Фудбалот е игра која мора да биде достапна за секого, без оглед на тоа кој е, од каде доаѓа и како игра– вели Чеферин.

=============================================================================================

Фудбалерите на Работнички подарија радост за дечињата од градинката „Лилипут“

Подготвувајќи се за финалето од Купот на Македонија кое ги очекува на 16. мај против Шкендија на националната арена „Филип Втори“, фудбалерите на ФК Работнички денеска беа домаќини на дечиња од приватната градинка „Лилипут“ од Скопје.

Многу радосни детски срца, искрени насмевки, позитивни вибрации и желби да се дознае барем малку за магијата на фудбалот се чувствуваа денеска во Градскиот парк во Скопје. Сето тоа благодарение на фудбалерите на Работнички кои издвоија дел од предвидениот тренинг да им подарат радост на најмалите.

„За нас е задоволство што можеме да бидеме домаќини на вака најмили гости, овозможувајќи им барем малку да се запознаат со убавината на фудбалот. Работнички, како еден од најдобрите спортски колективи во Македонија, никогаш не заборава и на својата општествена одговорност, а токму дел од тоа се и ваквите акции како можност да подариме радост на најмалите“ – истакна спортскиот директор на ФК Работнички, Иван Поповски.

А, задоволството од посетата не го криеја и гостите…

„Чест е што сме тука, во клуб со реноме како Работнички. Посебно ни е задоволство што сме тука на само неколку денови пред финалето во Купот на Македонија. Сите од ’Лилипут’ ќе бидеме големи навивачи на Работнички да дојде до уште еден трофеј, затоа што е тим што се сака“ – рече директорката на „Лилипут“, Симона Калајџиска.