Работнички – Вардар
Работнички
Позиција | Goals | Assists | Yellow Cards | Red Cards |
---|---|---|---|---|
0 | 0 | 0 | 0 |
Вардар
Позиција | Goals | Assists | Yellow Cards | Red Cards |
---|---|---|---|---|
0 | 0 | 0 | 0 |
На кратко
Работнички на најдобар можен начин го прекина негативниот момент и блесна во полн сјај на дербито со Вардар, совладувајќи го актуелниот шампион со 3-0 на „Телеком арена“ во Скопје. По неколку несреќни порази, конечно се отвори фортуната и за нашиот тим, и тоа во големото дерби. „Романтична“ претстава и убедлив триумф кој ја враќа самодовербата кај избраниците на Виктор Треневски.
По почетното испитување на силите, Работнички стигна до водство со голот на Суад Сахити во 33.минута. Голманот на Вардар, Филип Гачевски, лошо интервенираше по центаршутот од левата страна, ја испушти топката, Љамчевски ја извади од гол – линијата, но на неа натрча Суад Сахити и ја затресе мрежата.
Дејан Блажевски се обиде да возврати во 38.минута, но Божиновски беше на вистинското место.
Во вториот дел, Работнички се определи за игра на противнапади, навлекувајќи го противникот. Откако Јасир Асани не реализира убава можност во 69.минута, следеше конечниот удар за триумф на Работнички. Во 86.минута, по еден противнапад, Филип Дурански ја искористи одбиената топка од голманот Гачевски и зголеми на 2-0.
Во судиското продолжение, и трет гол за Работнички. Гачевски го собори Кире Маркоски во шеснаесетникот, а судијата Страврев покажа на белата точка. Филип Ивановски беше сигурен изведувач на пеналот, за убедлив триумф над Вардар од 3-0.
РАБОТНИЧКИ – ВАРДАР 3-0 (1-0)
„Телеком арнеа“ во Скопје. Гледачи: 500. Судија: Александар Ставрев (Скопје). Стрелци: С. Сахити 33, Дурански 86’, Ивановски пен. 90’ (Работнички). Ж. картони: Трајчевски, Силјановски, Ивановски (Работнички), Грнчаров (Вардар).
РАБОТНИЧКИ: Божиновски, Силјановски, Митрев, Рашо, Херера, Најденов, Трајчевски, Елмас, Е. Сахити (73’ Дурански), С. Сахити (66’ Маркоски), Ивановски.
ВАРДАР: Гачевски, Брдаровски, Грнчаров, Велковски, Љамчевски (71’ Петковски), Глигоров (61’ Асани), Спировски (46’ Николов), Фелипе, Којашевиќ, Блажевски, Боарето.