shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

ФК РАБОТНИЧКИ – ФК РЕНОВА

ФК РАБОТНИЧКИ – ФК РЕНОВА

-

Работнички

Позиција Goals Assists Yellow Cards Red Cards
 0000

Ренова

Позиција Goals Assists Yellow Cards Red Cards
 0000

На кратко

Работнички продолжува со триумфалната серија на стартот од новата сезона во ПМФЛ, победувајќи и во третото коло од шампионатот, овој пат на „Филип Втори“ против Ренова со 1-0.

Составот на Виктор Треневски можеше да стигне до многу поубедлива победа против Ренова, но на крајот единствено важни се трите бода, по која Работнички е осамен на врвот од првенствената табела со 9 бода.

На дуелот против „гипсарите“ можевме да стигнеме до предност уште во првото полувреме, но откако останаа неискористени неколку шанси на Маркоски и Сахити, водството дојде на почетокот од вториот дел. Во 48. минута, Елиф Елмас нафрли, Дурански упати прецизен удар кон голот на Ренова, голманот на противничкиот тим одбрани, но на одбиената топка натрча Кире Маркоски кој од два метри прецизно стрелаше за водство.

1-IMG_4325

Во 70. минута, Емир Сахити се најде во одлична можност, упати удар од околу 10 метри, но голманот на гостите успеа да го одбрани неговиот удар.

За зголемено водство, Работнички имаше шанса и во 84. минута, но Кире Маркоски откако изби сам пред голот на гостите, не успеа да го совлада противничкиот голман.

1-IMG_4633

На крајот, сепак, сосема доволно за нова победа која само го дополни извонредниот старт на сезоната.

ПМФЛ – 3. КОЛО

РАБОТНИЧКИ – РЕНОВА 1-0 (0-0)

Национална арена „Филип Втори“. Гледачи: 500. Главен судија: Александар Ставрев. Помошници: Кировски и Костадинов (сите од Скопје). Делегат: Реџеп Рами (Липково). Стрелци: Маркоски 48’ (Р). Ж. картони: Силјановски (Р), Мишковски (Ре).

РАБОТНИЧКИ: Шишковски, Силјановски, Најдовски, Митрев (15’ Томаш), Херера, Трајчевски, Најденов, Дурански, Елмас, Трајчевски, Маркоски, Е. Сахити

РЕНОВА: Хаџи, Незири, Мемеди, Муслиу, Селмани, Мишковски, Садики, Усеини, Рамадани, Гафури, Нухи (65’ Скендери)