shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Македонија ЃП – Работнички

Македонија ЃП – Работнички

-

Македонија ЃП

Позиција Goals Assists Yellow Cards Red Cards
 0000

Работнички

Позиција Goals Assists Yellow Cards Red Cards
 0000

На кратко

Работнички успешно ја стартуваше новата сезона во Првата фудбалска лига на Македонија. На денешниот натпревар во Ѓорче Петров, избраниците на Виктор Треневски го совладаа новиот прволигаш Македонија ЃП со убедливи 0-4. Нашиот тим беше апсолутно доминантен на теренот во текот на целиот натпревар.

1-IMG_9587
Во петтата минута, Работнички поведе. Џангаровски го собори Елиф Елмас во противничкиот шеснаесетник, судијата покажа на белата точка, а сигурен реализатор беше Бојан Најденов. Потоа следеа обидите на Елмас и на Сахити, но вториот погодок беше дело на Елмас, кој во 33.минута успеа да ја затресе мрежата со удар од 15 метри.

Потоа Елмас имаше и одличен продор по десната страна, надмудри неколку противнички фудбалери, а во продолжението на акцијата Најденов шутираше над голот.

Во 43.минута, Суад Сахити убаво се проби по десната страна, го проигра во средината Елиф Елмас, кој шутираше крај голот.

1-IMG_9432

Во 55.минута, Македонија ЃП имаше убава шанса за намалување на негативата. На вториот дирек осамен остана Милан Ристовски, но од само неколку метри не ја погоди празната мрежа.

Десет минути подоцна, Силјановски му подготви убава можност на Филип Ивановски, но напаѓачот не беше прецизен од 7 метри, од изгледна позиција.

1-IMG_9455

Во 72.минута, Елиф Елмас го постигна својот втор гол на натпреварот, а трет за Работнички, со одмерен удар од 12 метри. Седум минути подоцна и нововлезениот Андреј Кудијан се запиша меѓу стрелците, за конечни 0-4 за Работнички на премиерата во новиот шампионат.

1-IMG_9344

МАКЕДОНИЈА ЃП – РАБОТНИЧКИ 0-4 (0-2)

Стадион во Ѓорче Петров. Гледачи: 500. Судија: Јосип Бартон (Скопје). Помошници: Марјан Кировски и Дејан Костадинов. Делегат: Кочо Зердески (Кичево). Стрелци: Најденов 5’ пен., Елмас 33’, 72’, Кудијан 79’ (Работнички). Ж. картони: Џангаровски, Јакимоски, Рамадан, Иловски (Македонија ЃП), Ивановски (Работнички).

МАКЕДОНИЈА ЃП: Кандикјан, Ристовски (58’ Јакимовски), Иловски, Чешмеџиев, Рамадан, Аломеровиќ, Џангаровски (64’ Николовски), Здравковски, Цветановски, Јашароски (82’ Дестан), К. Стојкоски.

РАБОТНИЧКИ: Шишковски, Силјановски, Митрев, Најдовски (78’ Томаш), Трајчевски, Најденов, Наумчевски, С. Сахити, Маркоски (68’ Е. Сахити), Елмас, Ивановски (76’ Кудијан).