shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

(куп) Брегалница – Работнички 1-1

(куп) Брегалница – Работнички 1-1

Преглед

Работнички одигра 1-1 против Брегалница на гостински терен во Кочани, во првиот полуфинален натпревар од Купот на Македонија. Ова е поволен резултат за избраниците на тренерот Томислав Франц во пресрет на реваншот кој ќе го играат на домашен терен на арената „Филип Втори“, на 13 април.

bregalnica - rabotnicki 2
И покрај проблемите со повредите и со суспензиите, нашиот тим одигра квалитетен меч против Брегалница, и успеа да постигне значаен погодок на гостински терен.

Во првиот дел и двете екипи многу повеќе внимаваа на својата мрежа, а натпреварот доби на темпо во второто полувреме.

bregalnica - rabotnicki 4

Ангел Нацев во 63.минута успеа да ја затресе мрежата на Работнички, но десет минути Работнички возврати од пенал, кој успешно го реализираше Марјан Алтипармаковски. Претходно, во шеснаесетникот на домашниот тим со рака играше Звонимир Станковиќ.

Куп на Македонија, прв полуфинален натпревар

БРЕГАЛНИЦА – РАБОТНИЧКИ 1-1 (0-0)

Градски стадион во Кочани. Гледачи: 100. Судија: Димитар Мечкаровски. Помошници: Дејан Неделкоски и Гоце Петрески (сите од Скопје). Делегат: Мехмет Абдиу (Тетово). Стрелци: Нацев 63’ (Бре), Алтипармаковски 73’ (Раб).

БРЕГАЛНИЦА: Павлов, Танушев, Христов, Митрев, Станковиќ (62’ Нацев), Костов (46’ Велинов), Митров, Здравков (78’ Темелков), Коцев, Блажевски, Наумов.

РАБОТНИЧКИ: Шишковски, Силјановски, Илиевски, Б. Маркоски, Херера, Јованоски (68’ Елмас), Петровиќ (90’ Галиќ), Трајчевски, Најденов, Сахити, Алтипармаковски (76’ Пушкариќ).