Работнички на Трабзон му подари плакета со македонски мотиви
Работнички срдечно ги пречека раководните луѓе на Трабзонспор и им подари спомен – плакета од нашата држава, на која се изгравирани и логоата на двата клуба. Генералниот секретар на Работнички, Ненад Монев, му ја предаде плакетата на генералниот секретар на Трабзон, Кокшал Ѓунеј.
Секако, и Трабзон возврати со подарок со турски мотиви, по што е отпочнато ново меѓуклупско пријателство.
Пред секој европски натпревар, домаќинот на натпреварот организира свечен ручек за раководството на гостите.