shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Трабзонспор е следен ривал, доколку ја минеме Јелгава

Работнички ќе игра против победникот од дуелот меѓу турски Трабзонспор и Диферданж од Луксембург во третото квалификациско коло од Лигата на Европа, доколку претходно ја мине летонската Јелгава.

Денешната ждрепка во Нион, сакаше нашиот тим да го добие најверојатно Трабзонспор кој е голем фаворит во второто квалификациско коло, иако на првиот дуел на домашен терен славеше само 1-0 против Диферданж.

Работнички иако загуби со 1-0 во Јелгава од летонскиот тим, сепак, демонстрираше голема надмоќ во играта во поле, па надежите се дека ќе успее да слави на реваншот.