shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Пораз (3-0) од Тиквеш во Кавадарци

Работнички доживеа пораз (3-0) на гостувањето кај Тиквеш во Кавадарци, во 15.коло од Првата фудбалска лига. По ова, нашиот тим се наоѓа на осмата позиција на табелата со 15 бода.

Работнички добро парираше, дури и беше и подобар ривал на почетокот на мечот. Крсте Велкоски се закани во седмата минута, откако од 15 метри шутираше директно во противничкиот голман.

Тиквеш поведе во 36.минута. Иван Ивановски беше одлично проигран, излезе сам пред Алексовски и го надмудри со лоб удар.

Работнички имаше шанса за израмнување на почетокот на вториот дел. Гандо Биала по проигрувањето од Велкоски ја погоди стативата од противничкиот гол.

Во 57.минута, Даниел Миловановиќ двојно одигра со Нгоба, а потоа со прецизен удар зголеми на 2-0.

Пет минути подоцна Николај Христов постигна трет погодок за Тиквеш.

Работнички на 27. ноември на домашен терен ја пречекува Македонија ЃП.