shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Александар Грујоски ќе го суди мечот Тиквеш – Работнички в сабота

Работнички в сабота (13 часот) ќе му гостува на Тиквеш во Кавадарци, како дел од 15. коло во Првата фудбалска лига. Одредени се официјалните лица за овој натпревар.

Главен судија на натпреварот ќе биде Александар Грујоски од Кичево, а ќе му помагаат Куштрим Лика и Зоран Јанкуловски. Четврти судија е Влатко Илиоски од Прилеп.

За делегат на натпреварот е одреден Драган Јорданов од Велес, а контролор на судењето ќе биде Зоран Николовски од Скопје.