shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Јован Качевски ќе го суди мечот Силекс – Работнички во Кратово

Работнички во првото коло од новиот шампионат на Македонија в недела (17.30 часот) ќе гостува во Кратово и ќе ги одмери силите со Силекс. Одредени се официјалните лица за овој натпревар.

Главен судија на мечот ќе биде Јован Качевски, а ќе му помагаат Мартин Дејаноски (Кичево) и Давод Цветаноски (Кичево). Четврти судија е Марјан Дејаноски (Кичево).

За делегат на натпреварот е одреден Берат Исмаили (Гостивар), а контролор на судењето ќе биде Драге Стојановски (Куманово).