shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Александар Грујоски ќе го суди мечот Работнички – Пелистер

Работнички во последното коло од сезоната 2021/22, в недела (17 часот) ќе го пречека Пелистер на стадионот „Борис Трајковски“ во Маџари. Одредени се официјалните лица за овој натпревар.

Главен судија ќе биде Александар Грујоски од Кичево, а ќе му помагаат Куштрим Лика и Зоран Јанкуловски. Четврти судија е Александар Урошевиќ (Тетово).

За делегат на натпреварот е одреден Иван Путилин од Скопје, а контролор на судењето ќе биде Марјан Маркоски од Охрид.