shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Минимален пораз во Струга (1-0)

Работнички го доживеа шестиот пораз оваа сезона откако загуби на гостувањето кај Струга Трим Лум со 1-0 во 14.коло од Првата фудбалска лига. Стрелец на победничкиот гол беше Клисман Цаке од слободен удар во 57.минута од мечот. По ова коло, Работнички се наоѓа на осмата позиција на табелата со 18 освоени бода.

Борбен и неизвесен натпревар одиграа Струга ТЛ и Работнички. Марио Станковски имаше убава можност во 26.минута, но од работ на шеснаесетникот шутираше непрецизно. На спротивната страна, Христијан Малески беше во шанса по центаршутот од десната страна, но не ја зафати најдобро топката во петерецот.

Во вториот дел, Струга Трим Лум поведе во 57.минута. Беше досуден слободен удар на 20 метри, а Клисман Цаке испрати силен и прецизен удар во горниот десен агол и го совлада Ристе Јанков.

Работнички тргна по израмнување, Лука Станковски шутираше со глава, но не беше прецизен, а потоа се обиде и Тантуровски, но без ефект.

Во 71.минута, Струга Трим Лум остана со фудбалер помалку на теренот поради исклучувањето на Валентин Кочоски. Тој по еден груб старт доби втор жолт картон. Сепак, и покрај обидите, Работнички не успеа да стигне до израмнувачки погодок.

Во следното 15. коло, Работнички ќе му гостува на Тиквеш во Кавадарци.

СТРУГА ТРИМ ЛУМ – РАБОТНИЧКИ 1-0 (0-0)

Стадион во Струга. Судија: К. Ѓорѓиев (Штип). Стрелец: Клисман Цаке 57’ (Струга ТЛ). Ж. картони: Бојку, Галевски, Кадриу, Шабани, Кочоски (Струга ТЛ), Ристовски, Стојков, Гоес, Стојкоски, Кировски, Л. Станковски (Работнички). Ц. картон: Кочоски (Струга ТЛ).

СТРУГА ТРИМ ЛУМ: Талески, Пере, Цаке (79’ Рамадани), Мециновиќ, Кадриу, Шабани, Бојку, Кочоски, Босанчиќ (90’ Хани), Галевски, Малески (51’ Скендери).

РАБОТНИЧКИ: Јанков, Кировски, Ристевски, Гоес, Стојков, Стојкоски, Максимов, Ристовски, Л. Станковски, Тантуровски (83’ Хајдари), М. Станковски (83’ Лазаров).