shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Пораз од Скопје (0-1) на домашен терен

Работнички го доживеа третиот пораз во првенството, откако на Националната арена загуби со 0-1 од Скопје во првиот меч од десеттото коло во Првата фудбалска лига. Неколку неискористени шанси, нереализиран пенал, а згора на тоа и автогол со кој Скопје стигна до триумфот. Од 65.минута, Работнички играше и со фудбалер помалку поради исклучувањето на Бојан Илиевски.

Работнички имаше две одлични шанси за водство во првото полувреме. Во 26.минута, Марио Станковски му подготви шанса на Дејан Тантуровски, но тој не успеа да погоди. Четири минути подоцна беше досуден пенал за нашиот тим, го изведе Марио Станковски, но Андреја Ефремов го одбрани неговиот удар.

На почетокот на вториот дел, Бенјамин Демир се закани кон голот на Работнички, а Бурхан Мустафа беше на висина на задачата. Во 56.минута, по корнерот на Скопје од левата страна, топката го погоди Марио Станковски во телото и заврши во мрежата.

Четири минути подоцна, Дејан Тантуровски со удар со глава шутираше над голот.

Во 65.минута, Бојан Илиевски заработи втор жолт картон и беше исклучен.

Во 85.минута, беше досуден пенал за Скопје, а Бурхан Мустафа го одбрани шутот на Иво Јанакиевски.

РАБОТНИЧКИ – СКОПЈЕ 0-1 (0-0)

Национална арена „Тодор Проески“. Судија: Александар Ставрев. Стрелци: автогол М. Станковски 56’ (Скопје). Ж. картони: Илиевски, М. Станковски, Л. Станковски (Работнички), Зепата, Елисон, Стојановски (Скопје).

РАБОТНИЧКИ: Мустафа, Ристевски, Илиевски, Позњак, Максимов (62’ Тодоровски), Аломеровиќ, Гоес (80’ Дарбо), Л. Станковски, Стојкоски, Тантуровски, М. Станковски (80’ Хајдари).

СКОПЈЕ: Ефремов, Чурлинов, Димов (77’ Најдоски), Зепата, Пецов, Јанакиевски, Настевски, Десниќ, Елисон, Демир (77’ Стојановски), Кировски (33’ Јашароски).