shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Кировски: Струга е тешко гостување, но ние сме во победнички налет

Работнички по два успеси на домашен терен сака да продолжи во позитивен тренд и на гостувањето кај Струга Трим Лум. Тоа е екстремно важен натпревар за нашиот тим и почеток на разврската за третото место на табелата кое носи излез на европска сцена.

Дефанзивецот Андреј Кировски верува дека Работнички може да оствари позитивен резултат на струшкото крајбрежје потенцирајќи дека тимот има максимален респект за денешниот ривал.

„Струга Трим Лум е навистина квалитетен состав, посебно добро игра на домашен терен. Но, ние сме во победнички налет и ќе се обидеме тоа да го искористиме на денешниот меч. Почнува пресметката за третото место на табелата, а ние ќе сториме се за да ја исполниме нашата цел. Тимот ја има потребната самодоверба и едноставно треба да ги исполниме задачите на шефот Александар Влахо на овој важен дуел“, вели Андреј Кировски.

Главен судија на натпреварот ќе биде Марјан Гоцевски од Струмица, а ќе му помагаат Ѓорѓи Станковски и Кире Ангеловски. Четврти судија е Ристе Сејменов. За делегат на натпреварот е одреден Благојче Ангелевски од Битола, а контролор на судењето ќе биде Љубе Ристевски од Демир Хисар.