shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Одлична игра и важен триумф (3-1) над Пелистер

Работнички оствари важен триумф (3-1) над Пелистер и го продолжи победничкиот чекор во Првата лига. По оваа победа тимот на Александар Влахо се искачи на четвртата позиција на табелата со 39 бода, два помалку од Македонија ЃП.

Одличен меч одигра Марио Станковски. Тој уште во седмата минута најави дека е расположен за игра и откосо од десната страна со силен шут ја погоди гредата. Пет минути подоцна му подготви шанса на Силјановски, но во последен момент интервенираше Иливски.


Во 22. минута, Марио Станковски ја затресе мрежата на Пелистер, по асистенцијата на Лука Станковски. Одлично реагираше и откосо од десната страна пронајде пат за топката да заврши во спротивниот агол од голот на Давор Талевски.

Четири минути подоцна Фахрудин Ѓурѓевиќ излезе сам пред голот а Пелистер, но Талевски одбрани.

Во 36.минута, сепак, погодок за Ѓурѓевиќ за 2-0. Марјан Ристовски центрираше од левата страна, а Фахрудин Ѓурѓевиќ доро реагираше во петерецот и постигна гол.

Работнички продолжи да доминира и во второто полувреме. Во 53. минута, Марио Станковски му подготви нова одлична шанса на Ѓурѓевиќ, а тој не реализираше од супер позиција.

Во 65.минута, Стефан Јевтоски зголеми на 3-0. По акција на Марио Станковски и на Ѓурѓевиќ, на крајот Јевтоски ја погоди мрежата на Пелистер.

Осум минути подоцна, мигови и за голманот Ристе Јанков. Чуварот на мрежата со две одлични интервенции, двапати одбрани пенал. Првиот пат судијата Марјан Гоцевски го повтори ударот на Танушев, но Јанков и вториот пат беше бравурозен.

Во 90.минута, Валентин Кочоски постигна почесен гол за Пелистер, поставувајќи го конечниот резултат на мечот.