shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Rabotnicki – Rubin Kazan

Rabotnicki – Rubin Kazan

-

Rabotnicki

Position Goals Assists Yellow Cards Red Cards
 0000

Ribin Kazan

Position Goals Assists Yellow Cards Red Cards
 0000

Recap

Работнички одигра уште еден голем натпревар во Лигата на Европа, откако ремизираше (1-1) против Рубин Казан во првиот натпревар од плејоф-колото во ова натпреварување. Нашиот тим не се предаде и кога остана со играч помалку на теренот, по исклучувањето на Милован Петровиќ во 54.минута, а со голот на Кире Ристевски на пет минути пред крајот стигна до реми, откако Рубин Казан прв поведе во 69.минута, со погодокот на Чокдениз Карадениз.

Тимот на Работнички на овој натпревар настапи ослабен, без капитенот Баже Илијоски и без репрезентативецот Душко Трајчевски, кои се суспендирани, како и без Суад Сахити и без Иван Митров, кои се жалеа на повреди. Сепак, тренерот Игор Ангеловски повторно постави офанзивна формација, со Чума Анене како најистурен во нападот и Марјан Алтипармаковски и Кире Маркоски по крилните позици.

И двете екипи мечот го отворија внимателно. Прв се закани Чума Анене во 12.минута, но голманот на Рубин Казан, Сергеј Рижиков одбрани, исфрлајќи ја топката во корнер. Потоа силен удар, но за малку непрецизен, упати и Кире Маркоски, а на спротивната страна возврати Максим Кануников. Божиновски успеа да го одбрани неговиот удар.

Во 21.минута, Алтипармаковски падна во шеснаесетникот на гостите по стартот на Кверквелиа, но судијата Иштван Вад не покажа на белата точка, иако имаше ’материјал’ за таква одлука.

Кон самиот крај на првиот дел повторно шутираше Кануников, а Божиновски уште еднаш се истакна со добра интервенција.

Во 54.минута, Работнички остана со играч помалку. Речиси идентично како и на мечот против Трабзонспор кога Душко Трајчевски заработи два жолти картони, сега Милован Петровиќ доби две опомени и заработи црвен картон.

Рубин Казан ја искористи бројната предност на теренот и поведе со 0-1 во 69.минута со голот на искусниот Карадениз, кој со удар со глава во пад ја зафати топката по центаршутот на Кануников од десната страна.

Работнички не се предаде и со играч помалку. Во 85.минута успеа да израмни на 1-1. Цикарски изведе корнер, Алтипармаковски шутираше со глава, Рижиков одбрани, но Кире Ристевски се најде на вистинското место и го израмни резултатот.

РАБОТНИЧКИ – РУБИН КАЗАН 1-1 (0-0)
Национална арена „Филип втори“. Гледачи: 15.000. Судија: Иштван Вад (Унгарија). Делегат: Мирослав Рижка (Полска). Стрелци: Ристевски 85’ (Работнички), Карадениз 69’ (Рубин Казан). Жолти картони: Петровиќ, Анене (Работнички), Камболов, Кузмин, Батов, Кисљак (Рубин Казан). Црвен картон: Петровиќ (Рубин Казан).

РАБОТНИЧКИ: Божиновски (90’ Шишковски), Силјановски, Илиевски, Ристевски, Цикарски, Петровиќ, Вујчиќ, Јовановски (70’ Ристовски), Маркоски, Анене (86’ Најдовски), Алтипармаковски.

РУБИН КАЗАН: Рижиков, Кузмин, Кверквела,Котуњо, Ождоев, Камболов, Кануников, Карадениз (72’ Батов), Георгиев, Едуардо, Билјалетдинов (59’ Портниагин).