shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Пелистер – Работнички

Пелистер – Работнички

-

Пелистер

Позиција Goals Assists Yellow Cards Red Cards
 0000

Работнички

Позиција Goals Assists Yellow Cards Red Cards
 0000

На кратко

Работнички успеа да остане непоразен на тешкото гостување во Битола, на кое тимот на Виктор Треневски имаше и водство, за на крајот да освои само еден бод (1-1). Двата тима можат да бидат задоволни од крајниот исход, со оглед на просечната фудбалска партија на стадионот „Под Тумбе Кафе“ во која навивачите немаа можност да уживаат во премногу мајстории на актерите.

Топлото време во Битола го стори своето, па играта беше под очекуваното ниво во првото полувреме. Велинов ја имаше првата шанса за „романтичарите“ кога биеше силно од дваесетина метри, но домашниот голман одбрани. Втората солидна ситуација ја имавме во 20. минута кога се отвори простор за контранапад „три на два“, но Кире Маркоски лошо проигра и шансата отиде во неврат.

Сепак, овој фудбалер блесна на самиот почеток од второто полувреме. Се играше 50. минута кога Маркоски втрча од позадина, дојде до топката пред домашниот дефанзивец, излезе очи в очи со голманот Јовановски и ја затресе мрежата на Пелистер. Тој имаше шанса и за 0-2 десет минути подоцна, но неговиот удар беше блокиран од страна на Пеев и заврши за сантиметри крај десниот дирек на домаќините.

Домаќините сепак успеаја да израмнат кон средината на вториот дел, откако по една долга акција топката стигна во шеснаесетникот, а таму најдобро се снајде Љамчевски, кој со силен удар со левата нога го совлада Шишковски.

Пелистер ги имаше двете најубави шанси за победа, но Бразилецот Лукас два пати беше непрецизен, па Работнички заслужено стигна до бод на ова тешко гостување.