shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Работнички – Шкендија

Работнички – Шкендија

-

Работнички

Позиција Goals Assists Yellow Cards Red Cards
 0000

Шкендија

Позиција Goals Assists Yellow Cards Red Cards
 0000

На кратко

Работнички оствари значајна победа над Шкендија со 1-0, зацврстувајќи се на третото место на табелата во Првата фудбалска лига. Тимот на Виктор Треневски со овој триумф направи голем чекор напред кон финалната цел, повторен излез во Европа за следната сезона. Сега Работнички има 42 бода, пет повеќе од четвртопласираниот Пелистер и седум бода преднност во однос на Ренова, во битката за задржување на третата позиција.

rab-sken-11
Мечот стартуваше со офанзива на Шкендија. Жуниор во осмата минута шутираше од десната страна, но Шишковски одбрани. Потоа Жуниор нафрли од левата страна, а Бесарт Ибраими упати удар кон голот на Шишковски, но голманот на Работнички одлично интервенираше.

Во 21.минута, беше досуден пенал за Шкендија, а Бесарт Ибраими го погоди десниот дирек од голот на Шишковски. Само три минути подоцна стигна казната на спротивната страна. Ивановски спушти топка до капитенот Душко Трајчевски, кој се снајде најдобро во шеснаесетникот на гостите и го совлада Марко Јовановски. Работнички поведе со 1-0.

rab-sken-21

По ова, Шкендија тргна по израмнување, но одбраната на нашиот тим беше цврста и добро организирана. Јуфо се обиде со идар од далечина во 29.минута, а возврати Филип Ивановски со удар со глава по корнерот од десната страна.

rab-sken-14

Во вториот дел, Јуре Чолак се закани со удар со глава во 68.минута, потоа и Бесарт Ибраими од слободен удар. Во завршницата и Абдурахими шутираше кон голот на Шишковски, но мрежата остана мирна, а Работнички оствари многу важен првенствен триумф.

РАБОТНИЧКИ – ШКЕНДИЈА 1-0 (1-0)

Телеком Арена во Скопје. Гледачи: 500. Судија: Александар Ставрев (Скопје). Стрелец: Трајчевски 24’ (Работнички). Ж. картони: Херера, Митрев, Најдовски (Работнички), Чолак, Тодоровски (Шкендија).

РАБОТНИЧКИ: Шишковски, Силјановски (63’ Дурански), Шиков, Митрев, Рашо, Херера, Најдовски, Трајчевски, Елмас (74’ Вуковиќ), С. Сахити (90’ Борха), Ивановски.

ШКЕНДИЈА: Јовановски, Тодоровски, Чолак, Цуцули, Јуфо, Вујчиќ, Тотре (57’ Алими), Радески (71’ Абдурахими), Жуниор (57’ Хасани), Ибраими, Меѓедовиќ.

Dog