shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Работнички – Шкупи

Работнички – Шкупи

-

Работнички

Позиција Goals Assists Yellow Cards Red Cards
 0000

Шкупи

Позиција Goals Assists Yellow Cards Red Cards
 0000

На кратко

Работнички го оствари шестиот првенствен триумф, втор во низа, совладувајќи го тимот на Шкупи со 3-1 на арената „Филип Втори“. Избраниците на Виктор Треневски покажаа супериорна игра и во сите аспекти беа подобар ривал од гостинскиот тим од Чаир.

Во првиот дел, Работнички диктираше игра, бараше можност за отворање на резултатот, а најава за тоа беа обидите на Кире Маркоски, Елмас и на Трајчевски. Зендели беше на ниво, но не можеше да стори ништо повеќе во 45.минута, кога капитенот Душко Трајчевски го постигна водечкиот погодок.

gradski rabotnicki - skupi 12

Тој се најде на вистинското место, на вториот дирек, по ценатршутот од десната страна и со удар со глава погоди во спротивниот агол.

Во 53.минута, по еден одлично изведен противнапад, Елмас го послужи Филип Ивановски, кој зголеми на 2-0, а пет минути подоцна и Суад Сахити се запиша во листата на стрелците.

Исто така брза акција на Работнички, беше проигран Суад Сахити по десната страна, тој во соло пробив ја надмудри комплетната одбрана на Шкупи, вклучувајќи го и голманот Зендели, и погоди на вистинското место.

По ова, Работнички имаше комплетна контрола на играта и на резултатот, а Шкупи се обидуваше да постигне почесен гол. Тоа му успеа на Ламбин во 89.минута, кога со удар со глава од десетина метри го надмудри Дамјан Шишковски.

По овој триумф во 11.коло, Работнички се наоѓа на третата позиција на табелата со 19 освоени бода.

РАБОТНИЧКИ – ШКУПИ 3-1 (1-0)

Арена „Филип Втори“. Гледачи: 500. Судија: Марјан Маркоски (Охрид). Стрелци: Трајчевски 45’, Ивановски 53’, С. Сахити 58’ (Работнички), Ламбин 89’ (Шкупи). Ж. картони: Зука, Асани, Малиќи (Шкупи).

РАБОТНИЧКИ: Шишковски, Силјановски, Митрев, Рашо, Херера, Трајчевски (87’ Ристовски), Најденов, Елмас, Маркоски (75’ Дурански), С. Сахити (69’ Е. Сахити), Ивановски.

ШКУПИ: Зендели, Малиќи, Адили, Адем (65’ Зука), Лазаревски, Бајрами, Кадриу (77’ Јаневски), Асани, Траоре (65’ Ламбин), Османи, Исени.