shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Работнички — Вардар

Работнички — Вардар

-

Работнички

Позиција Goals Assists Yellow Cards Red Cards
 0000

Вардар

Позиција Goals Assists Yellow Cards Red Cards
 0000

На кратко

Во натпревар во кој Работнички беше единствената екипа која играше на терен, соседското дерби со Вардар на стадионот во Велес, во рамките на 17. коло од Првата лига, заврши без победник, 1-1.

Сето тоа само благодарение на среќата на противникот, откако нашиот тим не успеа во финишот на мечот да реализира пенал, и уште две 100% шанси за победа. Вардар, среќно славеше на првата сезонска пресметка со Работнички, а сега повеќе од среќно успеа да остане и непоразен.

Противникот прв дојде до водство преку Петар Петковски во 9. минута. Но, овој гол, и таа акција, беше единственото нешто во текот на 90 минути демонстрирано од страна на лидерот во македонското првенство.

Работнички комплетно доминираше на теренот. Во првото полувреме своите шанси не ги искористија Алтипармаковски во 27. минута, и Суад Сахити во 35. минута, а обидот на Цикарски со глава во 43. минута заврши непрецизно.

Rabotnicki so Vardar 3

Во второто полувремо повторно целосна контрола на играта од страна на четата на Игор Ангеловски. Баже Илијоски се обиде во 58. минута. Откако остана нереализирана таа шанса, во 79. минута следеше израмнување со голот од пенал на Стефан Вујчиќ. Претходно, самиот Вујчиќ беше соборен во казнениот простор од Љамчевски.

Во 89. минута следеше нов сосема заслужен пенал за нашата екипа. Овој пат Кире Маркоски беше соборен од Томе Пачовски, при што гостински голман доби само жолт картон иако на очиглед на сите присутни на стадионот заслужи и црвен. Но, овој пат, Вујчиќ не успеа да го совлада Пачовски.

Во последната минута, одлична шанса имаше и Кире Маркоски, кој беше проигран од Сахити, но не успеа да реализира од непосредна близина.

Rabotnicki so Vardar 8

РАБОТНИЧКИ – ВАРДАР 1-1 (0-1)

Градски стадион во Велес: Гледачи: 1.000. Главен судија: Дејан Јакимовски (Скопје). Помошници: Никола Караколев (Штип) и Игор Ширилов (Скопје). Делегат: Гоце Шопоски (Струга). Стрелци: Вујчиќ 79’(п); Петковски 9 мин. (В).Ж. картони: Алтипармаковски (Р); Фелипе, Пачовски (В).

РАБОТНИЧКИ: Шишковски, Илиевски, Силјановски, Ристевски, Цикарски, Трајчевски (52’ Маркоски), Петровиќ(75 ’ Јовановски), Вујчиќ, Сахити, Алтипармаковски, Илијоски

ВАРДАР: Пачовски, Брдаровски, Грнчаров, Мијушковиќ, Љамчевски, Глигоров, Фелипе (82’ Спировски), Дашјан, Петковски (54’ Николов), Блажевски (66’ Стојков), Ивановски