shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Работнички — Шкупи

Работнички — Шкупи

-

Работнички

Позиција Goals Assists Yellow Cards Red Cards
 0000

Шкупи

Позиција Goals Assists Yellow Cards Red Cards
 0000

На кратко

Работнички одигра 1-1 против Шкупи на арената „Филип Втори“ во натпреварот од 15.коло во Првата фудбалска лига на Македонија. Во тешки услови за игра, силен дожд кој врнеше во текот на целиот меч, и двете екипи покажаа голема борбеност, а погодоците дојдоа во самата завршница од дуелот. Шкупи поведе со голот на Бесар Исени во 89.минута, а веќе во следниот напад израмни Марјан Алтипармаковски, откако Суад Сахити ја погоди стативата.

rabotnicki - skupi 1
Работнички по израмнувањето, во судиското продолжение, имаше уште две одлични шанси за триумф преку стрелецот Алтипармаковски. Во првиот обид Зендели го одбрани неговиот удар, а потоа и шутот со глава не заврши на вистинското место.

Во првото полувреме немаше посериозна можност пред двата гола. Капитенот Баже Илијоски се обиде во 56.минута, но Лазаревски блокираше и исфрли во корнер. Потоа уште еднаш имаше сериозен обид да го загрози голот на Зендели, но без успех.

По ова реми, Работнички се наоѓа на четвртата позиција на табелата со 21 освоени бодови.

РАБОТНИЧКИ – ШКУПИ 1-1 (0-0)

Арена Филип Втори. Гледачи: 500. Судија: Александар Ставрев (Скопје). Стрелци: Алтипармаковски 90’ (Раб), Исени 89’ (Шку). Жолти картони: С. Сахити, Илијоски (Раб), Ер.Адем, Бае, Максути (Шку).

РАБОТНИЧКИ: Божиновски, Силјановски, Илиевски, Ристевски, Цикарски, Петровиќ (58’ Трајчевски), Вујчиќ (82’ Јовановски), С. Сахити, Маркоски (57’ Митров), Алтипармаковски, Илијоски.

ШКУПИ: Зендели, Мурати, Јаневски (62’ Бае), Лазаревски, Адили, Ер. Адем, Бајрами, Зука (84’ Ариф), Исени (90’ Максути), Нухији, Османи.